Ова се најадекватните намирници за секоја диета кога целта е намалување на килограми.

Млечни производи
- обезмастено или делумно обезмастено млеко
- Природен јогурт, „лајт“ јогурт (од 0,5 млечни масти)
- Сирење со максимум 40% млечна маст.
- меките сирења (со ниски масти) се подобри од тврдите сирења.
- Тврдите сирење не се препорачуваат како и кремастите (холандско полу-меко сирење, меко козјо сирење, Едамер, Ементал, Гауда, шпанско сирење манчего, моцарела, пармезан).
- Ферментирано сирење може да се внесува во исхраната само повремено (козјо сирење, Рокфор).
Намирници богати со протеини

- посно месо: говедско месо, коњско месо, телешко месо, младо јагне, зајак.
- птичје месо: пилешко, мисирка, пожелно е да се избегне месо од патка.
- Риба: белата риба е подобра за диетен режим од црвената, но сепак треба да се приготвува печена на скара, варена или печена во рерна. Од црвената риба најдобри се лососот и туната, но одлични се и сардината, сабјарката, скушата и харингата.
- Морска храна: избегнувајте школки и ракчиња, а октоподот и лигњите се прифатливи.
- Јајца: пожелни се еднаш или двапати неделно.
Скроб
- Компири (само печени или варени, во умерена количина)
- грав, наут, леќа, соја, грашок
- зеленчукот (богат со скроб) и зрнестата храна богата со скроб дебелее нешто помалку од житарките, но треба да се внимава да не доминира во исхраната, туку да се конзумираат во многу мали количини.
Леб и друга храна од житарки

- Интегрален леб или тост (да се намали количината на бел леб)
- Интегрални житарици, трици.
Зеленчук
- Свеж зеленчук ( но може и замрзнат): цикорија, артишок, целер, модар патлиџан, брокула, тиквички, печурки, зелка, црвена зелка, карфиол, аспарагус, спанаќ, анасон, боранија, зелена салата, репа, краставици, пиперки, праз, ротквици, домат, морков … Зеленчукот е една од групите на храна кои најчесто се препорачува за деца за целите на губење на тежина.
Овошје

- Сите свежи овошки, па дури и замрзнато овошје, без шеќер, како и егзотични овошја: гуава, папаја, манго, маракуја. Киселото овошје повеќе се препорачува од слаткото.
- Компоти и варено овошје без шеќер.
Масти
- масла: маслиново, сончогледово масло, масло од пченка, соја, ореви, сусам, кикирики.
- путерот е подобар од маргаринот, ако веќе не можете да се откажете од него.
- Користете природно ладно цедено маслиново масло кое е богата со витамин Е.
Зачини

- црн пипер, сол (умерено)
- свеж сос од домати, лесни сосови.
- сенф, кисели краставички, чили.
- Избегнувајте го додавањето на многу зачини зашто тие отвораат апетит.
Пијалоци
- Вода (од чешма), минерална вода.
- чај и кафе
- чаевите се многу ефикасни во диетите за слабеење.
- избегнувајте газирана вода (ја задржува течноста во организмот)
- Овошни сокови без шеќер.