Палачинките се одлични за појадок или за десерт во кој било период од денот. Неограничен е бројот на комбинации за сервирање, а нивниот вкус лесно можете да го менувате во однос на вашите желби.

Потребни состојки:
1 шолја брашно
2 големи лажици шеќер
1 ќесичка прашок за пециво
прстофат сол
1 шолја млеко
1 јајце
2 големи лажици растопен путер или зејтин
Начин на подготовка:
Во длабок сад се матат јајцето и шеќерот. Потоа се додаваат зејтинот, млекото, брашното, пецивото и прстофат сол. Се убаво се мати.
Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер.
Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Налевајте во едно место и смесата сама ќе се распореди во кружна форма.
Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја. Потоа превртете ги на другата страна. Од оваа смеса се добиваат околу 10 палачинки, во зависност од големината.
Палачинките се редат по неколку една над друга и се прелеваат со мед, јаворов сируп, карамел прелив или чоколаден прелив, или пак се премачкуваат со џем, а се сервираат и со овошје како смокви, јагоди, малини, банани и сл.
