За црните мачки отсекогаш се велело дека носат несреќа. Особено ако ти го пресече патот. Но, во многу земји светата црна мачка се смета за амајлија и се дарува за да донесе среќа, пари, успех, сигурност. Во продолжение прочитајте ги фактите за црните мачки кои сигурно не сте ги знаеле!

77191920 470109540520863 3347831100612280320 n

Црните мачки се најголеми жртви на предрасудите, иако единствено по кое се разликуваат од другите е само нивната боја на крзно.

1. Црните мачки се сметаат за најдобре пријатели на морнарите

Мачките многу пати биле гледани на бродовите како фаќаат глувци, па морнарите главно преферирале црни мачки верувајќи дека носат среќа и дека ќе им биде осигурено безбедно враќање дома.

2. Сите црни мачки всушност се темносини

На соодветно светло, нијансите на влакната на црните мачки варираат од црни како јаглен, сивоцрни до кафеноцрни. Постојат 22 различни врсти на црни мачки, а една официјално призната е бомбајската раса чија пигментација на црните влакна е многу поголема кај мажјаците отколку кај женките. А високото ниво на меланин во пигментот ги предизвикува жолтите очи.

Прочитајте и...  Кратко анимирано видео за момче кое го мрази своето куче со хендикеп

3. Египќаните ги обожавале како богови!

Старите Египќани исклучително ги ценеле црните мачки. Една од најпознатите фигури на црни мачки од тоа време е Бастет, позната како Мечешката божица. За сите црни мачки кои лутале низ градовите се сметале дека се реинкарнација на таа божица. Секој кој ќе нанел штета на црна мачка бил казнет.

4. Имаат свој ден

Малкумина знаат дека на 17 август се прославува Светскиот ден на црните мачки. На овој ден се оддава почит на овие преубави мачки на кои низ вековите многу сме им згрешиле благодарение на предрасудите и суеверијата.

5. Се верува дека го одржуваат среќниот брак

Во Мидлендс (Велика Британија) се верува дека црната мачка е поврзана со среќниот брак. Па црните мачки често се нацртани на поканите за свадба, картите за младоженци, како и на други украси поврзани со венчавката.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде