Македонија

Најголемиот македонски стадион ќе го носи името на најголемиот македонски пејач!

Најголемиот македонски стадион ќе го носи името на најголемиот македонски пејач Тоше Проевски, објави порталот „Плус Инфо“, посочувајќи дека неофицијално таква потврда добиле од Владата на Македонија.

Името на стадионот во Скопје дојде на ред да биде преименувано и сосема очекувано беше таквото нешто, со оглед на Преспанскиот договор кој го потпишаа Македонија и Грција околу името на земјата и одблокирањето на процесите за евроинтеграции од страна на јужниод сосед.

„АДСДП до Владата поднесе иницијатива за потребата од донесување одлука за преименување на Националната Арена ‘Филип Втори’. Оваа иницијатива е во согласност со насоките на Владата да се изврши преглед и ревидирање на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку истиот се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција да се направат соодветни корективни мерки и активности. АД кое ефективно стопанисува со Националната Арена смета дека овој објект потпаѓа под генеричките поими на „јавните згради и инфраструктура“ и во таа насока сметаме дека постои основа за преиспитување на потребата за промена на името на ваквиот објект“, рекле од државното Акционерско друштво за сропанисување си станбен и деловен простор.

Прочитајте и...  Утре пред изгрејсонце се фарбаат црвени јајца: Пред да почнете мора да ги направите овие работи, дознајте го значењето

Националната Арена „Филип Втори“ беше новото име на Градскиот стадион во Скопје донесена со одлука на Владата на 27 јуни 2008 година, по што стадионот почна да се реконструира и по четири години градежни работи беше разубавен и во август 2017 година беше домаќин на спектаклот од европскиот Суперкуп помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Најголемиот македонски стадион има капацитет од 33.000 гледачи и сега се очекува официјална потврда за новото прекрстување на стадионот.


Најпопуларно


To Top