Животински свет

Најголемиот природен резерват на планетата Земја: Дом на најретките животински видови (ГАЛЕРИЈА)

Лоциран на 2.100 километри северозападно од Хавајските острови се наоѓа поморскиот национален споменик Papahānaumokuākea кој сега е најголемиот природен резерват на Земјата.

29667960595 4e73494b6e o

Името на овој резерват претставува спој на имињата на двајца хавајски предци: Papahānaumoku и Wākea.

Поморскиот национален споменик Papahānaumokuākea е најголемиот граничен регион потполно заштитен под американско знаме и еден од најголемите заштитени подрачја на светот. Зафаќа 362.073 километри квадратни од Пацификот, регион кој е поголем од сите Национални паркови во САД заедно.

havaji 05 360848299

Северозападниот национален споменик на Хаваите е основан во 2006 година со цел да се заштитат големиот број ретки природни и културни ресурси.

Долгите корални гребени кои се пронајдени на овој резерват се дом за 7.000 морски видови, а една четвртина може да се најде само на хавајскиот архипелаг.

nwhi.jpg 600x350 q85 crop subsampling 2 upscale

Многуте острови се важни живеалишта за ретки врсти како што се загрозените зелени желки, хавајската монах фока како и 14 милиони морски птици кои ги претставуваат 22-те видови кои се тука сместени.

Прочитајте и...  Горат „белите дробови“ на светот – рекорден број пожари во Амазон

Копнените подрачја исто така обезбедуваат дом на четири видови птици кои не можат да се пронајдат никаде на светот освен тука.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top