Најмалку 55 слонови умреа само во септември во резерват на западот на Зимбабве од глад предизвикан од големата суша , објави Светската агенција за заштита на животните.

slonovi zimbabve aps 520033595

Според портпаролот на компанијата ,,Зимпаркс “ , Тинаша Фараво, животните угинале во близина на поилото во Националниот парк Хванге , што значи дека поминале долг пат за да дојдат до вода.

Истрагата откри дека најмалку 55 слонови починале од недостиг на вода и храна во паркот, дом на најголемата популација на слонови од скоро 50.000.

„Ситуацијата е тешка. Животните гладуваат и тоа е голем проблем“, рече Фараво.

Слоновите ја уништиле вегетацијата во паркот, а исто така ги напаѓаат и околните села, каде сè повеќе се борат со луѓето.

Повеќе од 200 луѓе се убиени во последните пет години во напади на слонови, наведува  Зимпаркс.

Агенцијата сакала да ископа нови бунари во паркот затоа што некои се исушиле, но немале пари за тоа, изјави портпаролот. Агенцијата не прима пари од владата.

Прочитајте и...  Фотографии од животните во Националниот парк Маврово

Зимбабве претходно знаеше илегално да продаде младенчиња на слонови во Кина затоа што и биле потребни пари за резерви храна во Хванге, чие население на слонови е трипати повеќе од капацитетот со кој паркот може да се справи.

Зимбабве понуди диви животни на продажба во 2016 година за да ги спаси од големата суша.

Зимбабве не успеа да се избори и да ја укине забраната за продажба на слонова коска на состанокот во август, со поддршка од Боцвана, Намибија и Јужна Африка.

Зимбабве има фонд од слонова коска вреден 300 милиони долари што би можел да ги искористи за да го заштити дивиот свет.

Тешката суша предизвикана од Ел Нињо ги намали приносите на пченка за повеќе од половина, поради што на третина од населението на земјата и е потребна помош во храна.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за