Tose Proeski

Тоше беше несомнено една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, а во Македонија се смета за заштитен знак на домашната забавна музика.

Tose Proeski

Музичката кариера ја почна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победи, изведувајќи ја песната „Yesterday“ од „Битлс“. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Имаше блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори.

Се смета дека подемот во неговата кариера започна по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше стана дел од продуцентската куќа Авалон, каде што остана сѐ до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.

Прочитајте и...  Здрави утрински ритуали за почеток на денот

Загинал на енешен ден, 16 октомври 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на национална жалост.

Покрај тоа што беше талентиран музичар, Тоше беше и голем хуманитарец, човек со големо срце и чиста мисла. На овој ден, да се потсетиме на неговите најубави и најмудри мисли за љубовта и животот и да се потрудиме што е можно почесто да се водиме по нив, во негова чест.

„Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов“

„Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе“

„Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.“

„Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва… Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.“

Прочитајте и...  Народни верувања: Што ни навестува пламенот од свеќата која ја гориме за слава
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за