in ,

Најстариот златен ретривер во светот полни 20 години!

Најстариот златен ретривер во светот прослави 20 години, што е навистина впечатливо со оглед на фактот дека ретриверите живеат од 10 до 12 години во просек.

Август, која сопствениците Џенифер и Стив Хедерчед нагалено ја викаат Оги, наполни 20 години и ги прослави со торта и пријатели. Таа во домот на брачниот пар Хедерчед живее од своите 14 години, и благодарение на нивната грижа, успеа да доживее повеќе години од просекот на овој вид на кучиња.

Според организацијата “Goldhearth Golden Retrievers Rescue” во Тенеси, имало неколку примери на ретривери кои живеат до 17 или 18 години, – но Оги е сепак нешто посебно.

https://www.instagram.com/p/CB2wj5HFHCE/?utm_source=ig_embed

Својот роденден го прославила со торта од морков прилагодена за кучиња, а исто така си играла и со други кученца: Шерман, Белка и Брус. И покрај тоа што е во „сериозни години“, нејзините сопственици велат дека таа ужива во дневни прошетки.

Оги редовно прима суплементи и јаде специјална мешавина на свежа и сува храна за кучиња која и е препишана поради проблеми со бубрезите, кои започнале кога имала 14 години.

Прочитајте и...  18 животни кои обожаваат да драматизираат

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote