Галерија

Најужасното место на светот: Напуштена болница во која се лекувал Хитлер

Зарѓани кревети, фасада прекриена со винова лоза, празни ходници со ишарани ѕидови и излупена боја е се она што останало од болницата во која се лекувал нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

bilic bolnica nemacka aps1 651525517

Болницата “Beilitz-Heilstätten”, комплекс од 60 згради, била изградена на крајот на 19-тиот век, поточно во 1898 година, за да им помогне во рехабилитација на сé поголем број луѓе кои страдале од туберкулоза во Берлин.

bilic bolnica nemacka 5 252678103

Меѓутоа, во текот на Првата светска војна болницата била претворена во воена болница каде младиот Хитлер ги лекувал повредите кои ги добил за време на битката на Сома.

bilic bolnica nemacka 1 521143261

Хитлер, се разбира, не бил единствениот. Во оваа болница се лекувале илјадници германски војници, а тоа продолжило и во текот на Втората светска војна. По војната па се до падот на Берлинскиот ѕид во 1990 година, болницата се грижела за советските војници.

bilic bolnica nemacka 3 403575175

Сепак, по затворањето во 1995 година, болницата е официјално напуштена, но се што некогаш се користело останало во неа. Компанијата “Conde Nast Traveler” ја прогласи оваа установа за најужасна на светот, а интересно е да се напомене дека за снимање на филмот „The Pianist“ било дозволено да се снима болницата, но само од надвор.

bilic bolnica nemacka 4 150612102
bilic bolnica nemacka 6 695587242
bilic bolnica nemacka 7 577854142
bilic bolnica nemacka 8 409023573

Фото: Shutterstock

Прочитајте и...  ГАЛЕРИЈА: Лудата куќа во Виетнам
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top