Кујна

Највкусните чоколадни колачиња готови за 20 минути – веднаш ќе се изедат!

Готови се за многу кратко време, а ги има многу! Ова се навистина одлични чоколадни колачиња, полни со чоколада, а можете да ставите каква чоколада сакате!

Потребни состојки:

200 гр брашно
85 гр путер
85 гр шеќер
1 ванилин шеќер
1 јајце
1/2 лажичка прашок за пециво
150 гр сецкана чоколада по ваш избор

Начин на подготовка:

Во сад изматете го путерот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете јајце и повторно добро изматете. Потоа, додадете го брашното кое претходно ќе го измешате заедно со прашокот за пециво. Промешајте се добро да се соедини. Додајте ја насецканата чоколада, но неа измешајте ја во смесата со лажица или со раце.

Обликувајте бомбици со големина на орев и ставете ги во плехот за печење на кој претходно сте ставиле хартија за печење. Оставајте мало растојание помеѓу бомбиците.

Печете во претходно загреана рерна на 200°C околу 10 минути во зависност од рерната. Не ги препекувајте, бидејќи така стануваат многу цврсти.

Служете ги топли или ладни и верувајте дека веднаш ќе ги снема! Од смесата се добиваат 25-30 колачиња. Можете да користите чоколада за готвење, но наша препорака е да ја користите вашата омилена чоколада.

Пријатен апетит!

Прочитајте и...  Кето диета: Пет вкусни рецепти за ручек

Најпопуларно

To Top