Кујна

Намирници кои никако не смеете да ги чувате во вашиот шпајз: После тоа може само да ги фрлите!

Оваа храна е неопходно да ја чувате во фрижидерот за да не ви се расипува и да трае подолго:

Доматен сос

Доматен сос е нешто што луѓето го купуваат на големо, особено кога ќе начекаат распродажба, а и често е потребен во кујната. Меѓутоа откако ќе го отворите никако не смеете да го ставите во шпајзот или да го чувате на собна температура. Стручњаците за храна велат дека некогашниот сос бил безбеден да се чува во шпајзот, но во поново време производителите на храна се трудат нивните производи да бидат што поздрави и избегаваат многу додатоци кои го продолжуваат рокот на траење на производот.

Банани

За да не се расипат бананите после купувањето чувајте ги во вашиот фрижидер пред да ги изедете. Иако бананите се вкусни за јадење и кога нивната кора ќе потемне.

Сувомеснати производи

Веќе знаете дека суровото месо мора да се чува во фрижидер или замрзнувач, а истото важи и за сувомеснатите производи како салама или кулен.

Прочитајте и...  Диета на познат доктор: Ова е најлесен начин да ослабете!

Свежа пченка

Свежата пченка по бербата треба одма да ја сварите или да ја ставите во фрижидер, но и тогаш треба да ја изедете во рок од 2 дена. Во спротивно таа ги губи своите хранливи материи.

Брашно од цели зрна

Било кое брашно од цели зрна е поздраво од просечното бело брашно. Тоа е затоа што овие брашна содржат делови и влакна од пченицата. Меѓутоа маслото кое го содржат целите зрна може многу лесно да се расипе. Чувањето на брашното од цели зрна во замрзнувачот значително го успорува процесот на расипување и го продолжува рокот на траење.

Мармалад и слатко

Некои луѓе практикуваат мармаладот да го држат на собна температура, но сепак не треба да јадете нешто од кое би можеле да се разболите. Скоро на сите мармалади и слатка пишува: „Чувајте во фрижидер после отворањето“, па само пратете го упатството. Стручњаците велат дека било која отворена тегла со овошен мармалад не смее да се чува надвор од фрижидерот подолго од 48 часа.

Прочитајте и...  Домашен рецепт за највкусните варени ѓевречиња - прсти да си излижеш

Јаткасти плодови

Со оглед на тоа што јаткастите плодови во себе содржат масла, исто така треба да се чуваат во фрижидерот. Така можат да останат свежи и до 6 месеци, а во некои случаеви и до година дена.

Свежи зачини

Додека босилекот може да преживее затворен во шпајзот, многу други зачини мораат да се чуваат во фрижидер како би останале свежи. Зачините како рузмарин и темјан треба да се измијат, да се исушат со хартија и да се стават во фрижидер во пластичен сад. Коријандерот, копарот и магдоносот исто така треба да се чуваат во пластични садови.

Црно вино

По отварањето црното вино треба да се чува во фрижидерот за да може да се пие и после неколку дена. Ладното ќе го успори процесот на скиселување на виното.

Кокосово масло

Кокосовото масло исто така може да се расипе ако стои предолго на собна температура, затоа чувајте го во фрижидер.

Најпопуларно


To Top