Кујна

Направете совршено тесто за палачинки

За појадок или вечера со малку џем или Нутела, банани, бисквити или шлаг, палачинките се совршен оброк во секоја комбинација.
Сите ги прават на различен начин. Некои ги сакаат потенки, други подебели, некои посни без јајца и млеко, други пак, ги сакаат полни и квалитетни.

Ако сакате да го погодите точниот рецепт за совршените палачинки, следете ја оваа постапка.

Потребни состојки:

2 јајца
4 шолји брашно
½ литри млеко
100 ml кисела вода
1 прстофат сол
1 лажичка шеќер

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата, додајте им сол, шеќер и млеко. Додајте брашно и матете додека не ги стопите грутките кои се прават во тестото.
Ова главно зависи од брашното, но треба да добиете многу густа смеса за палачинки.
Додајте ја киселата вода и промешајте.
Оставете ја смесата да отстои 20-ина минути, а потоа печете ги палачинките на силен оган.
Наполнете ги со омилениот вкус и уживајте!

Прочитајте и...  Чоколадни мафини кои се топат во уста - рецепт за најсочните мафини што некогаш сте ги пробале
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top