Психологија

Нарцис, психопат и социопат: Како да ги забележите разликите

Сите сме ги слушнале овие термини, и во секојдневниот живот ги користиме за опишување на некои карактеристики кои не ни се допаѓаат кај другите луѓе. Битно е да се напомене дека луѓето кои ги носат гореспоменатите термини зафаќаат само 3% од популацијата, меѓутоа секој од нас се сретнал со барем еден од тие луѓе. Продолжете да читате за да знаете со што се справувате и како да ги забележите разликите помеѓу нарцис, психопат и социопат.

Нарцисизам

 Карактеристиките на Нарцистичкото растројство на личноста се грандиозност, недостаток на емпатија за другите луѓе и потреба за восхит. Луѓето со оваа состојба често се опишуваат како арогантни, егоистични, манипулативни. Тие, исто така, се концентрираат на грандиозни фантазии (на пример, нивниот успех, убавина, брилијантност) и се убедени дека заслужуваат посебен третман. Овие карактеристики обично започнуваат во почетокот на зрелоста и се очигледни во повеќе контексти, како во бизнисот, и во личните односи.
Луѓето со нарцистичко растројство на личноста веруваат дека се супериорни или посебни, и честопати се обидуваат да се дружат со други луѓе кои веруваат дека се уникатни или надарени на некој начин. Оваа поврзаност ја подобрува нивната самодоверба, која обично е прилично кршлива под површината.
Важно е да се напомене дека сите психопати имаат нарцистички тенденции, меѓутоа не сите нарциси се психопати.

Прочитајте и...  7 знаци кои покажуваат дека сте манипулирани од нарцис

Психопатија

Психопатијата е меѓу најтешките нарушувања да се забележи. Психопатот може да се појави нормален, дури и шармантен. Под таа фасада, недостига совест и сочувство, правејќи го манипулативен, неемотивен и често (но во никој случај не секогаш) криминалец. Тие се објекти на популарна фасцинација и клиничка агонија: возрасната психопатија е во голема мера отпорна на лекување, иако постојат програми за лекување на неемотивната младина во надеж дека ќе успеат да ги спречат да созреат во психопати.
Психопатите се одлични лажговци, затоа што нивниот парасимпатетички нервен систем не функционира на ист начин како нашиот, и затоа тие можат да лажат и на детектор за лаги.

Социопатија

Социопат е термин кој се користи за опишување на некој кој има антисоцијално растројство на личноста (ASPD). Луѓето со ова растројство не можат да ги разберат чувствата на другите. Тие често ќе ги кршат правилата или ќе прават импулсивни одлуки без да се чувствуваат виновни за штетата што ја предизвикуваат.
Луѓето со ова растројство, исто така, можат да ги користат “умствени игри” за да ги контролираат пријателите, членовите на семејството, соработниците, па дури и странци. Тие, исто така, може да се сметаат за харизматични или шармантни.
Честопати се прашуваме која е разликата помеѓу социопати и психопати, затоа што манифестираат исти симптоми. Главната разлика помеѓу социопатите и психопатите е тоа што психопатите се психопати уште од раѓање, не можеме да ги смениме и не можеме да ги “направиме”, додека пак социопатите се така воспитани од мали нозе, и со доволно работа и добра волја можеме да промениме некои карактеристики кај нив меѓутоа никогаш не можеме тотално да ги промениме.

Прочитајте и...  8 нешта што силните луѓе никогаш не ги прават

-Благица Дамевска

Најпопуларно


To Top