Занимливости

Народни верувања: Што ни навестува пламенот од свеќата која ја гориме за слава

Според старите обичаи пламенот на свеќата која ја гориме на слава ја претскажувал судбината на домашните.

slava 93447 201995

На празникот семејството оди в црква. Таму го носи празничниот леб, пченицата и црвеното вино за осветување, со список на членовите од семејството. По причестувањето, се осветува празничниот леб и се враќа дома.

Дома, пак, доколку така договориле со свештеникот, треба да има на масата наместено: икона на светителот, празничен леб, пченица, вино, свеќа, кандилце, кадилниче, нож и список од членовите на семејството. Кога доаѓа свештеникот, се пали свеќата (по можност од чист восок) и во кадилничето се става темјан. Семејството и присутните, крај свештеникот, свртени кон исток, заедно се молат. По осветувањето и прекршувањето на празничниот леб, започнува празнично почестување и служење на гостите.

Прво се послужува од пченицата. Секому му се понудува, а тој станува, се прекрстува и каснува од пченицата, честитајќи го празникот и изговарајќи благопожелби кон славениците.

Празичниот леб се сече на парчиња и се поставува на масата, за секој прво да земе од него, за потоа да се послужи од сè што е поставено за празникот.

Свеќата за слава ја пали домаќинот и ако веднаш се разгори тоа е добар знак, а ако се угаси сам од себе тоа е лош знак за целата куќа , а особено за домаќинот.

Прочитајте и...  Го ставил станот на оглас, а за еден ден го посетиле 1.700 заинтересирани - луѓето лудуваат по овој стан само поради една работа (ВИДЕО)

Во некои краишта постои верување дека тоа претскажува смрт на некој во куќата, но тоа верување настанало кога цели фамилии живееле под еден покрив, па денес овој знак се толкува како несреќа која ќе го следи семејство цела година.

Доколку свеќата цело време „солзи“ и не гори добро тоа значи дека домашните и мачи тага и дека ќе има уште пролеани солзи, а доколку свеќата се скрши на половина тоа пак значи дека домашните ќе имаат материјална штета.

По завршувањето на славата свеќата се гаси со вино, а според димот кој се дига над изгасената свеќа се толкува иднината.

Важно е во таа прилика да бидат затворени прозорите и да нема провев за да се исклучат надворешни влијанија. Доколку чадот се дига равно кон горе и непрекинато тоа е добар знак, а доколку криви и е испрекинат значи дека некој до домашните ќе се разболи. Ако чадот се насочи кон еден од домашните тоа значи дека токму тој ќе се разболи.

Погрешно е мислењето и практиката дека за Архангеловден и за Илинден не се подготвува пченица. Такамислениците велат дека пчени­цата е принос за покој на душата на светителот, а архангелите Михаил и Гаврил се бесмртни ангели и не умираат, а и свети Илија исто така не умрел, бидејќи жив се вознел на небесата.

Прочитајте и...  Од Св. Никола до Дедо Мраз: Како настана легендата?

Според тоа, за „живите светии“ велат, тие, не се вади жито (пченица). Погрешно! Житото не се прави за душата на светителот, што го празнуваме, туку се принесува во слава Божја и во чест на светиот, а во молитвата јасно се вели: „во спомен на оние што починале во благочестива вера“ – значи, за нашите покојни роднини и блиски, та и тие да бидат учесници на нашата слава. Па, ете, пченицата се благословува и на најголемите Господови празници, на пример Духовден и сл. Зарем тогаш тоа се прави за нечија душа?!

Нема „живи“ и „мртви“ светии! Сите се живи! Истите луѓе, секогаш се живи пред Бога, оти Бог е Бог на живите, а не на мртвите.

Слава – домашен празник може да си земе секое новоформирано семејство.

Откако ќе се формира посебно семејство, кое живее самостојно, тоа треба да има и свој заштитник на семејството и домот – домашен празник (слава). Погрешно е мислењето дека децата не смеат да слават домашен празник додека се живи родителите, бидејќи тие не им ја предале славата. Тоа не е точно! Семејството е мала Црква, а и домашниот празник значи заедница со роднините, блиските и пријателите – како Црква Божја, па затоа и најмалата семејна заедница треба да има свој домашен празник.

Прочитајте и...  Основни правила за убавина после четириесетата година: Време е да си посветите внимание какво заслужувате!

Доколку децата живеат заедно со родителите, тоа ќе го прават заедно со нив, а штом ќе се одвојат од нив, како нови домаќини, тие треба да си земат свој празник. Таткото и мајката, со родителската љубов, треба да им дадат благослов (да им дозволат) нивните деца да си одбележуваат домашен празник.

Имено, ако тие живеат во друго место, сигурно не одат во иста црква со родителите, а тоа значи дека тие треба да земат и своја слава, како што имаат и друга црква (храм). За молитва се разбира, младите се должни да им ги кажат своите намери на родителите и земањето слава да биде со нивно знаење и родителски благослов.

Впрочем, чедата треба на родителите да им кажуваат и за сите значајни работи што ги прават во животот и да се советуваат со своите родители. Тогаш ќе имаат благослов и успех за сите работи што ги прават!

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top