Случувања

НАСА објави вознемирувачки сателитски снимки од пожарите во Амазонија

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонската прашума, честопати нарекувана како „белите дробови на светот“.

d626e5af74686077c1a157f0f882b1ee

Пожарот и чадот од Амазон се јасно видливи од вселената, а фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка.

Снимките на НАСА покажуваат интензивирање на пожарите и чадот во бразилските држави Рондонија, Мато Гросо и Амазонас.

aa18619137fb396382090e32451c96af

Повеќе од половина од пожарите се наоѓаат во огромниот басен на Амазон, каде живеат повеќе од 20 милиони луѓе.

Повеќе од 75.000 пожари избувнаа од почетокот на годинава, што е за 83 проценти повеќе од лани, и најмногу откако се води евиденција за тоа.

Прочитајте и...  ВИДЕО:Антониа Гиговска ја нарекоа чудото од Македонија - погледнете го настапот
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top