Занимливости

НАСТАВНИК НЕ ДОЗВОЛИЛ НЕПОДВИЖНА УЧЕНИЧКА ДА ЈА ПРОПУШТИ ЕКСКУРЗИЈАТА, ЈА НОСЕЛ НА ГРБ

Наставник од Кентаки успеа да им ја врати вербата во човештвото на корисниците на друштвените мрежи од целиот свет. Тој не сакал да дозволи ниту еден негов да ученик да ја пропушти училишната екскурзија, а тоа го покажал и на дело, со 10-годишната ученичка Рајан Кинг, која е неподвижна и во инвалидска количка. На Кинг ѝ е дијагностицирана Spina bifida – вродено нарушување што се карактеризира со оштетување на ‘рбетот и лицето го остава инвaлид за цел живот.

Кога станало збор дека учениците ќе одат на екскурзија на водопадите во еден национален парк во Охајо, мајката на Рајан вендша почнала да размислува за „алтернативна екскурзија“, како што вели. Но, наставникот Џим Фримен инсистирал на „планот А“, односно Рајан да оди на водопадите заедно со целиот клас, како и сите други ученици. Тој инсистирал да ја носи на грб, за да може и таа да учествува во сите активности.

Прочитајте и...  Што сè некогаш се користело наместо тоалетна хартија?

Како што можете да видите, тоа и го направил. Како што можете да прочитате, мајката на Рајан е бескрајно благодарна:

If i haven’t bragged on my kids school enough – well, listen to this. They are going on a field trip to Falls Of The…

Gepostet von Team Ryan am Freitag, 20. September 2019
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top