in

Научете да ги разберете детските цртежи: Важно е каде е Сонцето и која боја е доминантна

dete crtez detski crtez 960x640

Постојат многу моменти во детските животи кога децата не сакаат или не се способни да ги изразат своите емоции. За родителите тоа може да биде фрустрирачки, па имаат чувство дека зборуваат со ѕидот. Меѓутоа ако децата цртаат, тогаш тоа може да биде одличен начин да ги разберете.

Многу експерти за ментално здравје кои работат со деца го користат цртањето како начин најдобро да ги разберат своите млади пациенти и да ги откријат чувствата кои децата невербално ги искажуваат. Така дознале дека креативните деца цртаат исти предмети или користат исти бои кога доживуваат одредена емоција.

Ова се петте највообичаени детски цртежи кои може да ги објаснат нивните стравови, надежи, но и карактеристики.

Чудовишта

Вампирите и чудовиштата претставуваат некои моќни суштества, па ако некој лик е во средина на цртежот тоа значи дека детето сака да биде силно. Од друга страна, ваквите цртежи може да претставуваат и некоја тешкотија.

Ако на детето му е кажано да нацрта личност, а тоа нацрта чудовиште тогаш би можело да биде негативна емоција поврзана со тој човек. Ако детето тоа го прави само, тогаш се работи за желба да биде силно и моќно.

Прочитајте и...  Озил и неговата вереница ќе платат операции за 1000 деца од целиот свет

Куќа

Постојат многу теории за тоа што сакаат децата да кажат кога цртаат куќа, виножито и сонце, а тоа се некои од првите детски цртежи.

Во прашање е репрезентација на сопствениот живот во куќа. Тие може да бидат олицетворение на стабилност и семејна структура, но кај децата кои потекнуваат од негативно опкружување, куќата може да претставува затвор.

Како се развиваат децата, додаваат се поголем број детали на цртежот куќа и на крај стигнуваат до нејзина 3Д верзија. Меѓутоа, тинејџер кој ќе нацрта дводимензионална куќа значи дека е емоционално паднат и доживува некој вид трауми кои го попречуваат во натамошниот развој.

Внимателно погледнете ја сликата – што ви кажува бројот на прозорци на куќата?

Преголемиот број прозорци претставува отвореност за комуникација со луѓе и фактот дека детето сака другите да видат како тоа живее. Децата кои не се отворени за други и немаат здрава социјална интеракција веројатно ќе нацртаат само еден прозор.

Прочитајте и...  Изгледа неверојатно, а за сето тоа откри кои навики ги применува- никогаш нема да поверувате колку години има овој „старец“ (ФОТО)

Сонце

Цртежот со големо жолто сонце значи дека се работи за среќно дете, задоволно со својата семејна состојба. Ако детето нацрта делумно сонце во горниот агол, цртежот може да укажува на некои знаци на вознемиреност поради авторитетна фигура. Сонце кое едвај се покажува над облачно небо би можело да укажува на знаци на депресија, а можеби дури и чувство на безнадежност поради некоја животна ситуација.

Виножито

Шареното виножито најчесто праќа добра порака што значи дека се работи за психолошки здраво дете кое го гледа светот од позитивна страна.

Вознемирувачки слики од членови на семејството

Ништо повеќе не го грее срцето на родителите од цртеж на семејството, но ако мајката или таткото на сликата горат во оган или се дават во базен, детето испраќа вознемирувачка порака.

Цртежите кои прикажуваат специфична глетка со членовите на семејството значат дека родителите треба што поскоро да зборуваат со нив. Можеби тоа е нацртано по претходно гледање на филм или серија во која имало такви сцени, но може да значи и дека детето има анкциозност поради губење на член на семејството на трагичен начин, што може да се искаже и како ноќен кошмар.

Прочитајте и...  Порта до пеколот: погледнете ја огромната дупка во пустината што гори скоро 50 години (ФОТО+ВИДЕО)

Трето, детето може да има негативни чувства кон некој член на семејството, па со цртеж од трагичен настан симболизира исполнување на желбата на детето.

*кажете му да детето да го нацрта своето семејство, приот родител кого тој ќе го нацрта го смета за подоминантен.

Прекумерна употреба на една боја

Ова зборува многу за расположението на детето. Сината сугерира депресија, црвената лутина, но може тоа да не е секогаш случај. Некои деца едноставно имаат склоност кој одредена боја и може да ја користат како замена за друга боја која ја има во природата.

Загриженост треба да има доколку забележите еднобојни цртежи, особено ако се во нијанси на сиво. Тоа може да укажува на далтонизам, невролошки проблеми или друга психолошка состојба.

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote