Научниците од Универзитетот Пурду во САД спроведоа истражување за чистотата и квалитетот на воздухот во канцелариите. Во четири канцеларии биле постевени сензори, кои го следат степенот на загадување на воздухот во затворен простор.

Тие откриле дека хемикалиите што ги испуштаат дезодорансите, шминката и лакот за коса многу придонесуваат за загадувањето, кое во канцелариите достигнало ниво дури 20 пати повисоко отколку загадувањето на отворено.

Дури е откриено дека соединенијата што се исфрлаат со дишење во затворен простор остануваат и откако ќе се испразнат просториите. Според нив, акумулацијата на загаден воздух може да предизвика замор, главоболки и иритација на респираторниот систем, особено ако не се проветруваат канцелариите во кои седат голем број луѓе.

Прочитајте и...  Заборавен, болeн и сиромашен: Ова е последната фотографија од Никола Тесла пред неговата смрт!
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за