МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
Наука и технологија

Научници го пресоздадоа гласот на мумија стара три илјади години

Група научници успеаја да направат реконструкција на човечкиот глас, кој припаѓал на египетска мумија стара 3000 години.

„Ехото од далечното минато“ трае само неколку секунди, но и за тоа да го добијат, научниците ја испитувале мумијата во компјутеризиран томографски скенер. Ова им овозможило да направат 3Д модел на вокалниот тракт за да ги добијат димензиите на формата од уникатниот звук на човечкиот глас.

Истражувачите потоа го синтетизирале гласот на мумијата со 3Д испечатениот модел со нејзините дишни патишта и го поврзале со електронски грклан, вештачка говорна кутија што произведува звук.

Ова откритие дава сознание како античките Египќани најверојатно би звучеле.

Врз основа на натписите на ковчегот на мумијата и предметите со кои била погребана, истражувачите знаат дека станува збор за египетски свештеник и писар, кој веројатно пеел и им зборувал на боговите како дел од неговите обредни должности.

Најпопуларно

To Top
Close