Случувања

Научници: На птиците на Нов Зеланд би им требале 50 милиони години да се опорават од луѓето

ljtfnje4fnjrgargsrt 228635

 Кoга пристигнале во Нов Зеланд пред 700 години, луѓето го уништиле светот на птиците до такво ниво што ќе бидат потребни 50 милиони години за да се опорави, велат научници во напис во „Current Biology“.

Регенерацијата на толку разновиден свет на птици, како што беше во Нов Зеланд, ќе трае многу подолго отколку што постои човештвото, посочуваат авторите.

Повеќе од 70 видови птици исчезнаа од доаѓањето на луѓето во Нов Зеланд. Уште 30 видови се на раб на опстанок иако се преземаат мерки и напори за нивно зачувување.

„Ако измумрат тие критички загрозени видови, опоравувањето би траело уште 10 милиони години“, напишаа научниците, кои дошле до заклучоци проучувајќи ги фосилите и користејќи компјутерски симулации за да ги пресметаат резултатите. 

Прочитајте и...  Стана симбол за надеж: На 90 години го победи коронавирусот
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top