Случувања

Научници пронашле материјал толку црн што апсорбира 99,995 отсто од светлината

Научниците случајно наидоа на материјал што е толку црн што може да апсорбира 99,995 отсто од светлината.

Ултрацрниот материјал е направен од вертикално поставени микроскопски јаглеродни низи познати и под името јаглеродни наноцевки (ЦНТ). Истражувачите не знаат зошто материјалот е толку темен, но се возбудени околу потенцијалот кој би можел да го има.

До откритието дошло кога инженерите од МИТ барале начин да „израснат“ јаглеродни наноцевки на електроспроводлив материјал. Забележале дека јаглеродните наноцевки стануваат црни кога растат на алуминиумска фолија и одлучиле да ја измерат нивната оптичка рефлексија и откриле дека материјалот ја впива речиси целата светлина.

Материјалот може да се користи за телескопи и камери за да се отстрани отсјајот, а постои поголем интерес за материјалот. Нобеловецот астрофизичар Џон Мадер изјави дека размислува да го користи материјалот за да направи голема сенка како штит за вселенските телескопи.

Прочитајте и...  Научниците со откритие: Лекот против вошки го убива коронавирусот за 48 часа!

Материјалот моментално се прикажува како дел од уметничка изложба во Њујорк. Уметникот Димат Стребе работел со научниците на обложување на 2 милиони долари вреден 16,8-каратен дијамант со природно жолта боја во црн материјал, поради што дијамантот станал сосема црн.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top