woman praying 0

По дефиниција, молитвата е форма за обраќање на Бог, со воспоставување на однос со Бог или некакво божество, односно божица, бог или богови.

woman praying 0

Православните и католиците обично се молат на светците, на Марија и ангелите чувари. 

Неодамна руските научници од Сент Петерсбуршкиот универзитет, материјално докажале дека чудните лечења се поврзани со духовноста и откриле многу телесни и душевни промени кои човекот може да ги доживее за време на молитвата. 

Научниците докажале дека верникот кој е задлабочен во молитвата целосно ја исклучува мозочната кора, а тоа означува целосна сигурност и отсуство на стрес. 

Молитвата како лек против негативното размислување.

Професорот Слезин успеал да ја измери моќта на молитвата и утврдил дека свештениците и монасите кои се молат, целосно ја исклучуваат мозочната кора, а тоа уште е забележано и кај деца од тримесечна возраст кои се сигурни во близина на својата мајка. Како што стареат луѓето, чувството за сигурност им се намалува, а се зголемува мозочната активност. 

Прочитајте и...  Научници пронашле материјал толку црн што апсорбира 99,995 отсто од светлината

Активноста се намалува единствено за време на длабок сон и молитва, а тоа добро влијае врз луѓето.

“Молитвата е силен лек и не само што ги регулира сите процеси во човековиот организам, таа ја обновува и уништената структура на свеста” тврди Валери Слезин, директор на Лабораторијата за невропсихофилозофија на Институтот за истражување и развој на психо-неврологијата во Сент Петерсбург. 

Повеќето болести предузвикуваат негативни ситуации и проблеми кои за време на млитвата се повлекуваат, па дури и целосно исчезнуваат. Научниците докажале дека после верските обичаи се нормализира крвниот притисок и другите вредности во крвта. 

Неодамна е докажано и дека звукот на ѕвонот ги убива вирусите, а светата вода ги менува своите својства и станува лековита, зависно од степенот на верување на верникот.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за