in

Научниците открија 16 ултра-црни риби кои апсорбираат 99.9% светлина

Тим морски биолози откри 16 видови „ултра-црни“ риби кои апсорбираат повеќе од 99% од светлината која удира на нивната кожа, што практично ги прави невидливи за другите морски риби.

Истражувачите, кои го објавија своето откритие на сајтот Current Biology, ги уловија овие риби во близина на заливот Монтереј во Калифорнија на длабочина од 200 метри. Во овие длабочини, сончевата светлина речиси и да не допира. Поради тоа, многу морски видови ја развиле можноста да ги осветлуваат темните води преку биолуминисценција.

Ultra-black fishThe Pacific blackdragon

Но, што ако длабоките морски риби не сакаат да бидат забележани? За да и се спротивстават на биолуминисценцијата, некои видови еволуирале ултра-црна кожа, која е исклучително добра во апсорпцијата на светлината. Познато е дека само неколку други видови ја поседуваат оваа чудна особина, вклучувајќи рајски птици и некои пајаци и пеперутки.

Кога истражувачите првпат ги забележале длабокоморските видови, не било веднаш очигледно дека нивната кожа е ултра-црна. Потоа, морскиот биолог Карен Озборн, коавтор на новиот труд, забележала нешто чудно на фотографиите што ги направила од рибите.

Прочитајте и...  Запознајте ја кравата која избега од нејзиното стадо за да се приклучи на стадото бизони

„И претходно сум се обидувала да ги фотографирам овие риби, но секогаш излегуваа ужасни фотографии на кои не се гледаше ништо“, рече Озборн.

Ultra-black fish

По испитувањето примероци на кожа од риба под микроскоп, истражувачите открија дека кожата на рибата содржи слој на органели наречени меланозоми, кои содржат меланин, истиот пигмент кој им дава боја на човечката кожа и коса. Овој слој на меланозоми апсорбира најголем дел од светлината што ги погодува.

Она што е навистина интересно е тоа што овој уникатен трик не им бил пренесен на овие видови од страна на заеднички предок, туку секој од нив го развил самостојно. Така, различните видови ја користат својата ултра-црна боја за различни намени.

Newsela - Superblack fish can disappear in the deep sea's darkness

Што мислите?

3 Поени
Upvote Downvote