in

Научниците открија нов начин за справување со стресот- играње тетрис

Лесно е да ве преовладее стресот во овие времиња на социјални рестрикции и грижи — но оваа нова студија вели дека има лесен (и интересен) начин да се ослободите од него.

Истражување на Универзитетот во Калифорнија вели дека Тетрис има огромно позитивно влијание врз менталното здравје на луѓето.

Психологот Кејт Свини е раководител на истражувањето кое ги проучува ефектите на менталното здравје на студентите од универзитетот. За време на огромен стрес, како што се деновите пред испити, Свини им дала задача на студентите да ја играат играта и да ги забележат нивоата на стрес пред и по играњето.

Нејзиното истражување покажува дека со играње на Тетрис, индивидуите кои биле под огромно ниво на стрес забележале значително намалување и инфлукс на позитивни емоции.

И покрај тоа што и други игри нудат слично одвлекување на вниманието, Тетрис нуди перфектен баланс на предизвик и пристапност, доволно е тешко за да го зачува вниманието на играчите, но и едноставно и интуитивно што има ефект на релаксирање.

Ова не е првата студија што ги истражува ефектите на тетрис, студија од 2009 година покажала дека луѓето кои ја играат играта покажале подобрени ментални перформанси.

Прочитајте и...  Ова е првиот циркус во светот кој користи холограми наместо вистински животни

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote