Занимливости

Научниците потврдија: Оптимистите живеат посреќно, но и подолго

Оптимистите имаат поголема веројатност да живеат подолго од оние што имаат понегативен пристап кон животот, покажува истражување од САД.

Позитивните луѓе имаат веројатност да живеат над 85 години, а може и повеќе.

Теоријата вели дека оптимистите можат полесно да ги контролираат емоциите и да бидат заштитени од ефектите од стресот. И истражувачите изјавиле дека песимистите би можеле да имаат голема корист од замислување на иднината во која сè излегува како што треба.

Истражувањето користело две групи луѓе регрутирани за различни истражувања – 70.000 жени од здравственото истражување за медицински сестри и 1.500 мажи од здравственото истражување за ветерани.

Биле проценети нивните нивоа на оптимизам, како и целокупното здравје. Исто така, биле анкетирани за нивната физичка активност и исхраната, како и колку пушеле и колку пиеле алкохол.

Во просек, најоптимистичните мажи и жени имале 11-15 отсто подолг животен век и значително поголема веројатност да ја доживеат 85-тата година во споредба со најмалку оптимистичната група.

Прочитајте и...  30 скапоцени лекции секоја мајка треба да ги вреже во умот на својот син

Додека многу се знае за ризик-факторите за болестите и раната смрт, помалку се знае за она што истражувачите го нарекуваат позитивни психо-социјални фактори што би можеле да овозможат здрава старост.

– Нашите откритија говорат за можноста дека зголемувањето на нивото на оптимизам може да придонесе за долговечност и здраво живеење – изјави Левина Ли, вонредна професорка по психијатрија на Медицинскиот факултет во Бостон, која работела на истражувањето.

– Доказите од случајните контролни испитувања укажуваат на тоа дека пооптимистичните луѓе имаат цели и веруваат дека ќе ги постигнат. Тие поефикасно ги решаваат проблемите и може да бидат подобри во регулирањето на нивните емоции при стресни ситуации – додаде таа.

Професор Брус Худ, шеф на одделот за развојна психологија во општеството на Универзитетот во Бристол, го води предметот Наука за среќа. Тој рече дека истражувањето ги поддржува постојните докази за придобивките од позитивното размислување.

– Мислам дека оптимистите подобро се справуваат со стресот, а тоа би можело да биде поради избегнување да се размислува за негативните животни настани. Стресот влијае врз имунолошкиот систем и тоа значи дека оптимистите подобро се справуваат со инфекциите – вели тој.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top