Случувања

Научниците тврдат: Садењето еден трилион дрвја е најдобар начин за борба против климатските промени

Идејата да се садат дрвја игра клучна улога во борбата против климатските промени и секако дека не е новина. Но, и покрај тоа што идејата преовладува во разговорите за превенција на посериозни ефекти, научниците уште треба да откриваат кои дрвја може да се садат и колкава количина јаглерод диоксид ќе елиминираат од воздухот.

66517502 336765097259146 8846611161982959616 n

Во една студија, која е прва од овој тип во светот, тим од научници во Швајцарија пресмета колкава површина треба да се посади со дрвја за да се апсорбираат две третини од јаглерод диоксидот кој го испуштаме во атмосферата. Според нивните пресметки, треба да се посади шума со површина еднаква на Соединетите Американски Држави и како што велат, садењето дрвја ни е најдобрата шанса да ја спасиме планетата Земја од климатските промени.

Ова е неспорно најевтиното решение за борба против климатските промени и најефективното, велат авторите на студијата. Истражувачите од лабораторијата Crowther Lab анализирале илјадници сателитски снимки за да проценат колкава површина од Земјата треба да се покрие со зеленило за да се спречи влошувањето на климатските промени.

Прочитајте и...  Нов светски рекорд: Етиопија засади 350 милиони дрвца за 12 часа

Исто така, при пресметките ги зеле предвид и човечките фактори од типот на обработливото земјиште и другите зелени површини кои не се под шума. Еден многу битен аспект на целиот проблем е начинот на кој ги вршеле пресметките. Тие ги исклучиле градовите и земјоделските површини од вкупниот потенцијал за пошумување  затоа што тие се потребни за одржување на луѓето во живот.

Според пресметките на истражувачите, Земјата може да издржи дoполнителни 1,6 милијарди хектари со дрвја, па вкупната површина под шума на Земјата може да биде максимум 4,4 милијарди хектари дрвја. Тоа е околу 1 до 1,5 трилиони дрвја на површина со големина колку САД. Кога тие дрвја ќе пораснат, ќе можат да складираат околу 205 милијарди тони јаглерод диоксид или околу 2/3 од вкупно 300 милијарди тони CO2, колку што сме испуштиле во атмосферата почнувајќи од Индустриската револуција.

Но, не сите региони се поволни за пошумување. Русија, САД, Бразил, Австралија и Кина имаат најголем потенцијал за новите шуми, со можност да примат дополнителни 151 милион, 103 милиони, 78,4 милиони, 58 милиони, 49,7 милиони и 40,2 милиони хектари нова шума соодветно.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top