Случувања

Научниците извлекоа јаглерод диоксид од воздухот и го претворија повторно во јаглен

Емисиите на јаглероден диоксид прават големи штети низ планетата земја во последниве години, што резултира со ненормални временски услови и климатски промени кои го отежнуваат секојдневниот живот.

Сепак ново истражување предлага дека може да има начин буквално да се извлече јаглеродниот диоксид од атмосферата и да се трансформира повторно во тврд јаглен. Откритието направено од група истражувачи во Австралија може да донесе напредок во битката против зголемените нивоа на штетните гасови и конечно да се намали нивото на јаглеродните емисии од домаќинствата и индустријата.

Истражувањето објавено во Nature Communications, тврди дека истражувачите во RMIT универзитетот во Мелбурн пронашле нов начин „безбедно и трајно“ да се отстрани јаглеродниот диоксид од воздухот и да се претвори во супстанца слична на јаглед составена од чист јаглерод што може лесно и безбедно да се складира.

Методот вклучува растварање на CO2 во садови во кои има електролити на кои се додава мали количини каталист- течен метал, а потоа на смесата и се носи електрична струја која исто така игра функција на катализатор со што се претвара јаглеродниот диоксид во тврд јаглен. Тврдите делови се откачуваат од течниот метал со што процесот на произведување тврд јаглен продолжува.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Џеј Ло и Шакира ја „запалија“ сцената на „Супер боул“

Други техники поддржани од интернационални фирми кои произведуваат нафта и гас како Shell се фокусираат на компресирање јаглерод диоксид во течност која потоа се вбризгува во подземни резервоари. Многу се против такви методи на складирање, бидејќи покрај тоа што процесот е скап и има големи даноци за тие постапки, исто така има голем ризик на истекување и еколошки катастрофи.

Можеби не е прв пат CO2 да се трансформира во тврд јаглен, но ова е првата техника која не бара екстремно високи температури кои можат да се постигнат само во лабараторија.

Главниот автор на студијата Др. Дорна Есрафилзаде исто така ги потенцира придобивките кои може да ги има произведениот јаглен кој што ќе се складира. Таа објасни:

„Додатна придобивка од процесот е тоа што јагленот може да задржува електричен полнеж со што постанува суперкондензатор, па може потенцијално да се користи како компонента на идни возила. Процесот исто така произведува синтетичко гориво како бипроизвод што исто така може да има индустриски примени.“

Најпопуларно


To Top