Истражувачи од Нов Зеланд понудија прво детално гледиште на молекуларниот механизам кој на некои видови риби им овозможува да го променат полот.

Припадниците на околу 500 видови риби можат да го променат полот кога ќе пораснат или кога тоа го бараат околностите. Со истражување на еден вид тропски риби чии женки можат да станат мажи, откриено е дека промената на полот најверојатно е предизвикана од стрес. Истражувачите велат дека промената на полот се одвива брзо: женката го менува однесувањето за само неколку минути до неколку часа, а за осум до десет дена целосно станува маж.