Македонија

Не ја заборава Македонија и родната Струга: Аце Јоновски обезбеди цел камион школски инвентар донација

Некогашниот македонски репрезентативец Ацо Јоновски, кој сега е член на германскиот Ратинген, со помош на невладината организација „Gesellschaft für Schule, Sport und Soziales mbH“, луѓето во Ратинген и шпедицијата Ратингер Мулти Транспорт обезбеди донација од еден камион опрема за училиштето Јосип Броз Тито во Струга – oбјави “24ракомет”

“Со големо задоволство ви најавувам дека првиот камион со школски инвертар (хуманитарна донација) е веќе на пат кон Македонија-Струга! Морам да изразам голема благодарност до Intereaktiv Schule.Sport.Soziales, Bastian Schlierkamp, Andreas Hohnke на ангажираноста и довербата! Се надевам дека ова нема да е последна акција од ваков вид и искрено се надевам дека нема да добие политички епилог зошто се работи исклучиво за еден хуманитарен проект”, напиша Јоновски на својот Фејсбук профил.

Прочитајте и...  Млад скопјанец преживува голгота, неговиот татко бара помош од хуманите луѓе
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top