Шоу бизнис

Не личат иако се близнаци: Ова се синовите на Селин Дион

Селин Дион ретко споделува приватни моменти преку социјалните мрежи и своето семејство не сака јавно да го експонира. Но, овојпат направи исклучок поради една посебна прилика. Нејзините близнаци Нелсон и Еди, го прославија 9-тиот роденден.

celine dion july 2019 uu billboard 1548

Дупла насмевка, дупла радост, дупла љубов. Среќен роденден Нелсон и Еди. Многу сум горда на своите момчиња. Ве сака мама, напиша Дион.

Канадската пејачка го има и 18-годишниот син Рене Чарлс. Сите три сина ги доби со сопругот Рене Анџели, кој пред три години ја изгуби борбата со ракот.

Прочитајте и...  Мајката на Силвестер Сталоне има 98 години: „Претерав со операции, изгледам како верверица“ (ФОТО)
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно

To Top
Close