Пејачката и актерка Хилари Даф на Инстаграм апелираше на младите луѓе да престанат со неодговорноста и почнат да мислат на другите.

Таа ги замоли да одат во самоизолација и да престанат да излегуваат.
-Сите вие кои и покрај се продолжувате да излегувате надвор и да се забавувате, не го правете тоа, одете дома. Вие сте сурови. Престанете да ги убивате старите луѓе, рече луто актерката и пејачка.
Таа ги замолила нејзините следбеници да бидат смирени, ни и паметни. Таа се сликата со бројот на тестирани од Корона вирусот во Америка и додала:
-Ова се страшни времиња. Треба да останеме смирени, но и паметни. Превземете мерки за да останете здрави и не ги доведувајте во опасност вашите мајки, татковци, баби и дедовци, напишала таа.
