Здравје

Нега на заби – 4 лаги во кои веруваме

Is Whitening Good Or Bad For Your Teeth

ДАЛИ МИЕЊЕТО НА ЗАБИТЕ ПОЧЕСТО ОД ЕДНАШ ДНЕВНО, МОЖЕ ДА ЈА ОШТЕТИ ЗАБНАТА ГЛЕЃ?

Доколку правилно се одржува хигиената на усната шуплина, тоа апсолутно не е точно. Стоматолозите препорачуваат да користите мека четка, бидејќи таа не може да наштети, па во тој случај се подразбира дека треба трипати дневно да ги миете забите. Единствено, треба да почекате околу половина час пред да ги измиете забите, по јадење на цитруси.

АКО ВИ КРВАВАТ НЕПЦАТА, НЕ ТРЕБА ДА КОРИСТИТЕ ЧЕТКА ЗА ЗАБИ

Крвавењето обично настанува кога забниот камен или остатоците од храната не се правилно остранети. Па затоа, доколку забележите дека непцата ви крвават, темелно и нежно измијте ги и исчистете ги забите најмалку двапати дневно. Ако крвавењето продолжува, посетете забар.

ГУМИТЕ ЗА ЏВАКАЊЕ БЕЗ ШЕЌЕР ПОСЛЕ ОБРОК ЈА ЗАМЕНУВААТ ПАСТАТА ЗА ЗАБИ

Иако нивното консумирање после оброк може да помогне во чистењето на забите и освежување на здивот, тие не се замена за миење со четка и не можат како конецот да ги отстранат остатоците од храна.

Прочитајте и...  Чудотворната тревка на Св. Архангел Михаил која го лечи целиот организам

ИЗБЕЛУВАЊЕТО НА ЗАБИТЕ ЈА ОШТЕТУВА НИВНАТА ГЛЕЃ

Нестручниот третман може да ја оштети глеѓта, но доколку тоа го прави искусен забар со добра опрема, нема причина за загриженост.

Најпопуларно


To Top