Психологија

Нејзината објава масовно се шири по интернетот: Метода која ќе ви помогне да ја олесните болката од губење на сакани личности

Секој во животот се соочил со смрт на некоја сакана и блиска личност и знае колку боли таквата загуба, но вака може да си помогнете да се соочите со најтешките моменти.

Смртта на членови на семејството и на наши блиски луѓе е една од најтешките загуби на секој човек. Кога нас ќе не напушти саканата личност, чувствуваме празнина и болка, толку многу што имаме чувство дека може да експлодираме од тага и ништо нема да може да не врати назад.

За да им помогне на луѓето да го поминат најтешкиот период од животот Лаурен Херчер на твитер сликовито објаснила што е тагата, како да ја пребродиш и како да се вратиш во живот.

Таа после загубата на својата мајка се обратила на лекар кој и ја кажал аналогијата која ја вратила од мртвите како што таа вели.

Метафора на кутија и топка

Прочитајте и...  Мајките кои често споделуваат фотографии од нивните деца најверојатно страдаат од депресија

Постојат активатори како што се одредени песни, мириси или вкусови кои навраќаат спомени секогаш кога „топката одново ќе удри во тој прекинувач“.

„Сметам дека сите треба повеќе да зборуваме за тагата и смртта. Тоа е нормално, но повеќето луѓе мислат дека за тоа не треба да зборуваат, или па треба да зборуваат само кратко време по губењето на некоја личност. Но тагата е подолг пат од тоа.“- рекла Лаурен.

„Верувам дека во ред да се чувствуваш тажен и неколку години после загубата и тоа ни помага да се сеќаваме на добри времиња и да се преиспитаме како таа загуба влијаела врз нашиот живот. Не мислам дека такво нешто можеш да преболиш во било кое време.“

Кога животот ви се смее во лице и ви носи тага по тага запаметете ги овие зборови!

Постои кутија во која се наоѓаат топка и прекинувач за болка. На почетокот топката е огромна и неможе да се помести кутијата, а да топката не удри во прекинувачот за болка. Топката само се тркала внатре и упорно удира на прекинувачот. Тоа не можете да го контролирате. Едноставно вас ве боли цело време, толку што понекогаш изгледа неподносливо.

Прочитајте и...  Најчудните и најбизарните фобии на луѓето

Со време топката станува се помала и помала и се помалку удира на прекинувачот, но кога ќе удри боли еднакво како и претходно. Добро е што со тек на време функционирате полесно, но понекогаш топката удира на прекинувачот баш кога најмалку очекувате.

За повеќето луѓе топката никогаш не исчезнува. Единствено удира помалку во прекинувачот, па имате подолго време за да се опоравите од болката, за разлика од времето кога топката била голема. Мислам дека ова е најдобриот опис на тага кој што некогаш сум го слушнала- открила Лаурен.

Нејзината објава масовно се шири низ интернетот, има скоро 5.000 ретвитови, што совршено покажува како луѓето реагирале врз овај опис на тагата.

Најпопуларно


To Top