Саканата прва дама на Америка поминала низ вистински пекол, но со најголема грациозност пред јавноста.

12jackie2 jumbo

Ова се 12 помалку познати факти за Џеки Кенеди: 

1. Пред Џон Ф. Кенеди, Џеки била верена за друг маж кој го познавала само неколку месеци.

2. Нејзиното потекло било лажирано. Џеки била само една осмина Французинка, а нејзините претци всушност биле ирски селани кои се доселиле во Америка.

3. Кога Џон Ф. Кенеди ја запросил, Џеки одлучила прво да размисли. Отпатувала во Европа и се вратила по 30 дена, по што ја прифатила понудата за брак.

Image result for jackie kennedy

4. Џеки ја мразела својата венчаница. Иако била креирана по тогашната најнова мода, таа говорела дека фустанот ѝ ги нагласувал нејзините рамни гради и направил “сенка” од неа.

5. Џеки ја мразела целата венчавка – таа сакала да се венча во кругот на семејството, но на крајот била организирана голема свеченост која била отворена за јавноста.

6. Изгубила три деца. Пред да ја роди ќерката Каролин, Џеки имала спонтан абортус, а го изгубила и вториот син Патрик кој починал само два дена по раѓањето.

Image result for jackie kennedy wedding dress

7. Добила милион долари за да ги отфрли документите за развод. Џеки патела поради изгубените деца, неверството од страна на сопругот и љубовта која избледела. Таткото на Џон Ф. Кенеди ѝ платил милион долари за таа да остане во брак со него бидејќи разводот би му наштетил на неговиот имиџ.

Прочитајте и...  10 факти за стресот кои можеби не сте ги знаеле

8. Обожавала топено сирење и газирани пијалаци. Тоа било нејзиниот таен грев и “порок”.

9. Третиот спрат од Белата куќа го претворила во училиште. За нејзините деца да не патат, таа им ги обезбедила најдобрите учители.

Image result for jackie kennedy

10. Џеки има добиено Еми награда. За време на нејзиното “владеење”, Белата куќа била реновирана, а за таа цел Џеки се појавила на телевизија и ги презентирала промените заедно со ТВ екипа. За таа епизода, добила Еми награда.

11. По убиството на сопругот, не го соблекла розовото одело кое било прекриено со крв. Сакала да им покаже на луѓето што му направиле на нејзиниот сопруг.

12. Била на терапија со електрошокови. Џеки страдала од ужасна депресија, а најголемиот напад го доживеала во 1957 година кога нејзиниот сопруг се вратил дома со љубовница. Џеки избегала од дома, а Џон повикал Итна помош. По ваквиот инцидент, била однесена на психијатрија каде една недела ја лекувале со електрошокови.

Image result for jackie kennedy wedding dress

tocka.com.mk

Прочитајте и...  10 факти за Тамара Тодевска: Како ја претставија странските медиуми?
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за