Случувања

Некогаш еуфорично се славело: „Денес е Денот на Република Југославија“

На денешен ден се славел некогашниот најзначаен празник – Денот на Републиката во народот познат како 29-ти ноември.

shutterstock 1476856697 450813119

Некогашниот најголем празник на Југославија воглавно останал во убаво сеќавање за генерациите кои го славеле и ги потсетува на семејни собири, заклетви, сини капи и црвени марами.

„Денес е Денот на Републиката и стариот се напи малку, на телевизија Лепа Брена и стариот се сеќава на воените времиња“ – пееле “Забрањено пушење“, песната која била посветена на 29-ти ноември, денес речиси заборавен ден.

Не се пеело и пиело само, улиците биле пусти затоа што никој не работел,а семејните собирања биле многу важни.

Денот на Републиката воглавно се славел два дена, често се спојувал со викендите па сите уживале во продолжениот викенд. Тоа биле денови кога се одморало, кога се дружело целото семејство, некаде се патувало и се јадело свинско месо подготвено тој ден.

Првоодделенците тогаш станувале пионери, давале свечена заклетва, добивале пионерски капи и марами и за првпат во животот се заколнувале на верност кон некогаш големата и моќна држава.

Меѓутоа по распадот на СФРЈ овој некогашен голем празник престанале да го слават некогашните републики, а последна меѓу нив го направила Србија каде што последно овој датум бил одбележан во 2001-та година.

Прочитајте и...  Во Калифорнија се отвора првиот ресторан во САД со канабис на менито

Празникот денес е речиси забоарвен, а на оние кои се родени по 80-те години речиси и ништо не им значи.

Денот на Републиката се славел во земјите на поранешна Југославија во спомен на денот на прогласување на републиката.

На денешен ден во Југославија била укината монархијата и сите права на кралот Петар II Караѓорѓевиќ, а на второто заседание на АСНОМ, Јосип Броз Тито бил прогласен за маршал на Југославија и врховен командант. 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top