Неколку знаци дека сте дехидрирани

Препорачаните 8 чаши на ден се само бледа рамка по која треба да се водиме и веројатно треба редовно да се надминува. Ако се препознавате во некои од овие симптоми возможно е количината не течности што ја внесувате да не ви е доволна…

world cancer day heres why you should stop drinking water from plastic bottles 227715

Сува кожа и суви усни?

Дали кожата е сува, а усните испукани? Поткренете ја кожата на дланката и ако останува како “шаторче” и ѝ треба време да се врати во првобитната состојба е сигурен знак дека ви недостасува вода. Кршливи нокти, чувство на лепливи очни капаци или сува усна празнина со мала количина на плунка се дополнителни знаци дека сте дехидрирани. Кожата како најголем орган реагира на недостатокот течности и станува сува и склона кон луштење.

Мускулни грчеви?

Губењето на течности е пропратено со губење на електролити, па често дехидрираноста може да биде пропратена со мускулни грчеви како резултат на тоа. Дури и благ електролитен дисбаланс може да доведе до грчеви. Состојбата лесно се корегира преку внесување на доволна количина течност и електролити.

Постојано ви е жешко?

Водата е есенцијална за регулација на телесната температура. Недостатокот на течности често доведува до прегревање на телото, бидејќи се намалува циркулаторниот волумен и изостануваат механизмите кои ја носат топлината кон површината. 

Имате опстипација?

Најчесто луѓето кои патат од опстипација, немаат реална потреба од лаксативни средства, туку имаат потреба од повеќе вода. Водата го олеснува движењето на содржината низ цревата.

Се чувстувате лошо?

Главоболки, поспаност, лошо расположение може да бидат дел од симптомите на неадекватен внес на вода. Дехидрираноста влијае врз расположението така што доаѓа до намалување на циркулаторниот волумен и пад на крвниот притисок.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.