Дејана и Суљо на Инстаграм ги освоија симпатиите на целиот регион поради својата љубов и фактот дека двајцата имаат инвалидитет, но тоа не ги спречува да бидат среќни.

20190621131144

Дејана Бачко(24) е родена без раце, но и покрај хендикепот денеска е академски образован сликар и спортист, а во февруари освои златен медал на Светското пара теквондо првенство во Анталија во Турција.

11gj

Суљо Керановиќ (23) од Босна и Херцеговина и Дејана од Србија се во врска од минатиот јуни, а нивната средба, како и се после тоа е вистинска бајка, пренесува 24сата.

– Додека чекав автобус со пријателката, видов едно момче кое ме гледаше и забележав дека е со инвадилитет. Му пријдов и му пружив насмевка наместо раце. Дознав дека е од Сараево, студент на додипломски студии на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево, дека оди на едногодишната академија „Schuler Helfen Leben“ и дека волонтира во четири огранизации. Се воодушевив кога ми кажа дека тренира футсал, пинг-понг, куглање и велосипедизам, па веднаш прашав дали би тренирал текводно. Ми рече дека е на студенска размена и дека тоа е негов последен ден во Нови Сад. Разменивме телефонски броеви, секој отиде на своја страна, а јас признавам, бев малку тажна- раскажува Дејана.

114

Поминале четири месеци пред Суљо да и пушти порака на Инстаграм. Некое време се допишувале, па тој одлучил да дојде во Нови Сад кај Дејана. Својата љубов и живот ја споделуваат на мрежата која ги поврза. Фотографиите кои ги објавуваат, полни со позитивна енергија, зрачат со среќа и младалачки занес.

Прочитајте и...  Семејство живее под мост , мајката е со мозочен удар

– Заедничката љубов ни е инспирација за фотографиите кои ги објавуваме на социјалните мрежи. Се трудиме да ги разбиеме предрасудите за луѓето со инвалидитет. Не е срамота да се биде инвалид, и да се биде среќен и покрај тоа што сме „различни“. Имаме и цел, а тоа е да ги мотивираме луѓето околу нас и да им покажеме дека во животот најважна е среќата- вели Суљо.

2121

Заедно тренираат во теквондо клубот, а Дејана учи и да слика. Таа вели дека многу се смеат зедно бидејќи имаат слична смисла за хумор. Така се шегуваат дека на Суљо му е многу полесно да слика бидејќи судбината му дала една рака, со која убаво ја прегрнува.

54545
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде