Необични морски полжави видени во Јадранско Море: Запознајте ги „морските ангели“ (ВИДЕО)

Во последно време честопати се случува да се појават животни што вообичаено живеат во други мориња, а најновото такво животно е преубавиот морски полжав, наречен уште и „морски ангел“. Неговото присуство во Јадранот беше непознато до откривањето на цело јато од овие мали пливачки полжави во акваториумот на островот Чиов.

Morski anđel (Pneumodermopsis cfr. paucidens), maleni je plivajući puž za kojeg do ovog listopada nismo znali da živi u…

Gepostet von Podvodni.hr am Montag, 14. Oktober 2019

За разлика од другите полжави, „морските ангели“ немаат слузаво стапало, а наместо него развиле плашт со чија помош пливаат. Тие можат да пораснат до пет центиметри, со тоа што, видовите од овие полжави што живеат во поларните мориња се поголеми од своите роднини од топлите води.

„Морските ангели“ се хермнафродитни животни што се размножуваат така што испуштаат милиони мали јајца коишто пловат по морето додека од нив не се изведат младенчиња.

Овој мекотел се храни со друг вид пливачки полжав, „Creseis clava“, а како што пишува „подводни.хр“, токму забележаната појава на роеви „Creseis clava“ во Јадранското море би можела да причина за појавата на „морските ангели“.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Камуфлажата на овој октопод е толку добра што ве предизвикуваме да го најдете
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде