in

Необично пријателство помеѓу група орангутани и видри во белгиска зоолошка градина

Пријателството помеѓу различни животински видови е секогаш симпатично за набљудување. Овојпат, неверојатното пријателство помеѓу семејство орангутани со некои видри  во белгиската зоолошка градина го привлече вниманието на Интернет и ги освои срцата на многумина.

Орангутаните и видрите за првпат се сретнале кога вработените во зоолошката градина „Паири Даиза“ во Бругелет ја отвориле патеката на видрите низ делот каде се сместени орангутаните. Па така се формирала здрава, магична врска меѓу двата вида.

Симпатичните фотографии многу кажуваат, затоа продолжете да читате и подгответе се да се изненадите и да се појави широка насмевка на вашите лица. Следуваат информации добиени од  Матие Гедефро, портпарол на зоолошката градина „Паири Даиза“.

Тато Уијан кој има 24 години, мама Сари (15) и нивниот син Берани (кој штотуку наполнил 4 години) го сочиниваат семејството орангутани во зоолошката градина. На една од фотографиите, Берани игра криенка со своите мали азиски пријатели видри.

Матие изјавил дека орангутаните и видрите главно играат брканица или криенка. Видрите се криеле под големи стебла на дрва или дрвени конструкции, тогаш Берани, бебето Орангутан, доаѓало да ги бара. Понекогаш, по некое време излегувале и го задевале. Навистина било неверојатно да се види како си играат.

Прочитајте и...  Илустратор ги претвора луѓето и нивните миленици во цртани ликови

Според Матие, зоолошката градина вложувала многу во збогатување на нивните животински домови. Тоа не значело само на големината, туку и квалитетот на животот бил многу важен. Еден од начините на кој се правело тоа (покрај доставувањето храна, правење сложувалки, организирање мисловни игри, поставување на нови лулашки или нови дрва) било и доближување на животни кои можат да комуницираат едни со други во блиски или исти простории на кои им давале можност да се гледаат едни со други.

Нивните горила живеат заедно со мајмуни колуби, пингвините живеат со фоки, кенгурите го делат својот дом со пеликани, има верверички кои живеат со лилјаци, носорог со пеликани, жирафи со ноеви, азиски слонови со азиски газели, зебра со биволи итн.

Матие потврдил дека зоолошката градина во моментов е затворена за јавноста сè додека не се дозволи повторно да се отвори. Во моментов и Белгија се соочува со блокада поради коронавирусот. Но, ова не ги запира секој ден да им пружаат најдобра нега на животните.

Прочитајте и...  Фотографии од животните во Националниот парк Маврово

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote