Животински свет

Необично пријателство помеѓу куче и афрички твор: Запознајте ги Нова и Пако

Необичните пријателства помеѓу животните се совршен доказ дека љубовта не познава граници.

Нова, германски овчар, и Пако, афрички твор, уште од првиот ден се луди еден по друг. Нивната сопственичка Диана Гриб вели дека се однесуваат како да не се различни.

Од сите домашни миленици, Нова е најдолго со Диана која и претходно чувала многу домашни миленици. Кога претходната година го донела Пако уште во истиот момент тој и Нова станале неразделни. Дури почнале и да го присвојуваат однесувањето на другиот, вели Диана.

Диана Гриб (26) отсекогаш сакала да има куче и диво животно, а овој нејзин сон се оствари кога Пако им се придружи неа и на нејзиниот германски овчар, Нова. Оттогаш и Нова и Диана станаа неразделни со малиот Пако.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Ренџер теши горила која само што ја изгуби својата мајка

Најпопуларно


To Top