Галерија

Непоколеблива традиција на изолирано племе кое не сака да има ништо со цивилизацијата

Запознајте го племето Хумба кое одбива контакт со модерното општество, во кое телото се бои во црвена боја поради превенција од сонцето, а брачниот статус на маж и жена се препознава според стилот на фризурата украсена со глина.

himba 10 604283127 1

Сокриено во Северна Намибија, домородното племе Хумба продолжува да се спротивставува на турстичката индустрија и покрај тоа што ги фасцинираат патниците од целиот свет.

Каоколенд е област во која се најмногу населени и има популација од 50.000 жители. Иако некои од момчињата носат маици, внатре во племето постои мала вестернизација, па нејзините припадници главно носат кожна гардероба, пренесува Daily Mail.

himba 01 167558601

Уште од пубертетот жените на овој народ прават плетенки и ги украсуваат косите со глина во црвена и окер боја направена од почва и истата таа смеса ја користат за да ги бојат своите тела во црвено како заштита од сонцето. Народот на Хумба верува дека црвената боја ги симболизира крвта и црвената боја на Земјата.

Прочитајте и...  Топ 10 градови кои треба да ги посетите во 2020 година

Девојчињата пред да влезат во пубертет ја делат својата коса на две едноставни плетенки. Машките имаат една плетенка кога се сами, а ја врзуваат косата кога ќе се оженат.

himba 06 706557441

Децата ги чуваат жените и другите поголеми деца од племето, а мажите често се отсутни од дома на подолг временски период.

Овој народ е патријархален и склон кон полигамија, па така мажите имаат повеќе жени.

himba 07 258628717

Традиционално, жените носат едноставни кожни фустани не се капат па наместо тоа користат ароматични билки и смола.

Хумба се номадски пастири и често мигрираат сезонски од матичното село во секое кое обезбедува подобри пасишта за нивните животни.

himba 09 910309116 1

Улогата на жената во ова племе вклучува воспитување на децата, одгледување на животните, додека мажите деновите ги поминуваат со стадата.

himba 03 656847149

Жените се облекуваат во неверојатно усогласени стилови кои се менуваат во зависност од тоа дали се во брак и колку се стари.

Ирскиот фотограф Тревор Кол го барал ова племе за да ја претстави нивната непоколеблива традиција низ фотографии вклучувајќи го и нивниот единствен накит, фризури, облека и колиби.

himba 05 148280225

„Уживав во едноставноста и хармонијата која ја видов во ова племе. Тие живеат едноставно, работат заедно и осетливи се на потребите за заштита на животната средина. Заслужуваат да си ја одредуваат својата иднина и да не се хомогенизираат“, рече Кол.

himba 04 600443731

Ова племе е заштитено од прекумерна изложеност благодарение на строгите упатства на владата за посета на оваа заедница.

Прочитајте и...  Магично швајцарско село плаќа 60.000 евра ако се преселите таму

Фотографот истакнува дека културниот отпор на ова племе произлегува од изолацијата, гордото сфаќање на сопствената култура и заштитата од владата.

himba 08 957835174 1
himba 02 380187982
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top