in

Несекојдневен музеј под вода: Авиони, тенкови, хеликоптери и други чуда во Акапскиот залив (ГАЛЕРИЈА)

Каква е поврзаноста на авионите, тенковите и хеликоптерите со коралните гребени? Одговорот е едноставен – многу блиска поврзаност, бидејќи тие се дел од нив.

Намерното потонување на различни пловни објекти, со цел формирање вештачки подводни гребени е одамна позната практика. Претежно на дното на морето има бродови, некои мали авиони или автомобили. Меѓутоа, неодамна, во Акаба се потонати објекти кои ги надминаа сите очекувања. Станува збор за потонување на патнички авион Locheed TriStar L-1011 и формирање подводен воен музеј, во кој се наоѓаат тенкови, оклопни транспортери, топови и два хеликоптери. Воопшто не е мал, за земја која има 20 километри од брегот на Црвено Море.

Проектот за потонување на разни предмети во море под покровителство на ASEZA не завршува со ова. Планирани се повеќе експонати и формирање на нови локации, кои ќе бидат привлечни за нуркачите од целиот свет. За неколку години, овие авиони, хеликоптери и тенкови ќе изгледаат како да биле секогаш таму.

Прочитајте и...  Пресметајте го вашиот Индекс на телесна маса за да дознаете која е вашата идеална тежина

Фото: Јанез Крањц

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote