Здравје

Невенот – лековита билка

Невенот (Calendula officinalis) е растение со голема лековита моќ што ја користеле уште прастарите цивилизации. Најчесто се користи за лечење на болести на кожата, системот за варење и различни воспаленија и инфекции.

Невенот има способност и да ги прочистува крвните садови, делува седативно, го намалува холестеролот во крвта, го намалува крвниот притисок.

Благодарение на провитаминот А, невенот го подобрува и видот. Со стерилен чај од невен се навлажнуваат иритирани или заболени очи.

Невенот особено е благотворен за кожата. Се користи против изгореници, рани и измрзнувања на кожата. Од голема помош е во лекувањето на псоријазата. Стимулира создавање на нови ќелии и го отстранува гнојниот исцедок.

Оваа билка е корисна и при симнување на покачена телесна температура бидејќи го поттикнува потењето.

Невенот е одличен растителен антиспазматик и лесно ги неутрализира грчевите. Одличен е и за отстранување на тегоби во дигестивниот тракт бидејќи ги лечи раничките на желудникот и дванаесетпалачното црево, ја нормализира работата на црниот дроб и жолчката.

Прочитајте и...  Ова е најотровната намирница на светот која ја јадеме неограничено

Најпопуларно


To Top