Здравје

Неверојатен успех на научниците: Излечен вториот човек во светот од ХИВ

После трансплантација на матични ќелии кај еден британски пациент, кој се лечел од ХИВ, тој вирус не е детектиран и пациентот не зема повеќе лекови.

Во прашање е пациент од Лондон кај кој ХИВ вирусот е дијагностициран во 2003 година. Девет години подоцна откриено е дека боледувал од Хоџкинов лимфом. Истражувачите меѓутоа напоменуваат дека сеуште е рано за да се потврди дека пациентот е целосно излечен од ХИВ.

Истражувачите изјавиле дека овај пристап на лечење не е практичен за многумина кои боледуваат од ХИВ, но тоа може да помогне за да се пронајде лекот.

Пациентот од Лондон веќе 18 месеци е во ремисија. Матичните ќелии ги добил од донатор отпорен на ХИВ, што се одразило врз ремисија на вирусот и лимфомот.

Ова е втор  случај пациент што е лечен на ваков начин да заврши во ремисија. Пред 10 години во Берлин на еден пациент било трансформирана коскена срж од донатор со природен имунитет на вирусот.

Прочитајте и...  Најмоќен природен лек: Подобрува помнење за 80%, топи маснотии и ги подобрува видот и слухот

Најпопуларно


To Top