Филм & ТВ

Неверојатни специјални ефекти на 19 век: Погледнете го првиот хорор филм од 1896 година

“Куќата на ѓаволот“, првиот хорор филм и еден од првите снимени филмови, е исполнет со импресивни специјални ефекти со цел да ги исплаши гледачите.

Првиот хорор филм денес не изгледа толку застрашувачки, но во 1896 година, „Куќата на ѓаволот“ има прилично застрашувачки елементи за во своето време. Филмот е снимен од страна на францускиот уметник Жорж Мелијес кој го режираше и познатиот филм Патување до Месечината (A Le voyage dans la lune) во 1902 година.

Музиката во овој триминутен филм звучи како чудна приспивна песна, а специјалните ефекти, бидејќи се работи за 19 век, се повеќе од импресивни! Луѓето се појавуваат и исчезнуваат во облаци од чад, а лилјаците одеднаш добиваат човечки облик.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Објавен трејлер од првиот филм за коронавирусот
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top