Љубов и секс

Незгоди при секс за кои ретко се зборува

Ретко се зборува за негативните работи кои се случуваат кога мажите и жените се препуштаат на страстите, а притоа не мислиме на сексуално преносливите болести.

loving couple in bed dmitriy kotin

Жешките игри понекогаш може да завршат онака како што не сте планирале, а за тоа многу малку се зборува. Иако некои незгоди се случуваат и кај мажите, истражувањата покажаа дека најчесто страдаат жените: искината коса, црвени колена, истегнат мускул, испукани усни…

Одиме со ред

Следниот пат кога ќе клекнете на тепих, за да го задоволите орално својот партнер или за да уживате во Вашата омилена поза, потрудете се да се заштитите од црвенила, кои во летниот период посебно ќе Ве издадат што сте правеле минатата ноќ .

Некои жени едноставно не произведуваат доволно влажност( природен лубрикант) и за време на сексот остануваат “суви”.  Какви последици може да имаат знаат само оние кои никогаш не слушнале за лубрикант. Тој дел од женското тело е посебно чувствителен, затоа внимавајте на иритацијата.

Прочитајте и...  Кога последен пат сте имале секс: Ако користите нешто од ова, сигурно некој ве слушал

Љубителите на “плескањето” понекогаш ги поминуваат границите, а резултатите можат да бидат видливи и болни. Внимавајте и на овој момент посебно во овој летен период, сепак треба да излезете на плажа во костум за капење, сигурно ќе Ви биде непријатно да ги шетате модринките по плажа.

Има мажи кои посебно се возбудуваат кога ќе видат голи женски гради, има и такви кои обожаваат да ги имаат во своите усни и да ја изгубат контролата…хмммм. Брадавиците би можеле да страдаат, а верувале или не, ќе и требаат еден ден на Вашата партнерка и на нејиното дете.

Усните потребно е да ги одржувате елеастични. Тоа би требало да го знае секоја жена која ужива да го задоволува својот партнер орално. Може да биде поприлично болно доколку усните Ви се суви, а устата ја држите подолго време широко отворена.

Доколку пак имате желба да ги испробате позите од Кама Сутра, внимавајте на истегнатите мускули, посебно доколку подолг период не сте активни во секоја смисла на зборот. Бидете подготвени за повеќе акција.

Остави коментар

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top