Македонија

„Незнам“ или „Не знам“?- Марија Лозаноска ги објаснува најчесто правените грешки во правописот

Денес прославуваме 75 години од усвојувањето на македонскиот правопис.

„Послушајте Македонци!
Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.“

~ Блаже Конески

Основоположникот и кодификатор на современиот македонски јазик ни остави трајна порака да го зачуваме, негуваме и унапредуваме македонскиот јазик затоа што тој е еден од најважните столбови на нашиот идентитет.

Денес се одбележуваат 75 години од усвојувањето на македонскиот правопис. Тоа не е почеток, туку конечен печат, дефиниција на хартија на јазикот на кој Македонците говореле со векови. По завршувањето на Втората светска војна и прогласувањето на Федерална Македонија како држава, на првото заседание на АСНОМ (2 август 1944 година) се донесува решение за воведување на македонскиот како службен јазик. По помалку од година, на 7 јуни 1945, се усвојува македонскиот правопис, на што му претходи утврдувањето на азбуката.

Прочитајте и...  Сатирични илустрации во стилот на 50-тите кои покажуваат што не е во ред со денешното општество

Со тоа, по многу векови, се кодифицира македонскиот литературен јазик. Првиот правопис го составиле Блаже Конески и Крум Тошев во 1950 година, a подоцнежните верзии ги подготвувале реномираните лингвисти . Првото поголемо осовременување на македонскиот правопис е направено со Правописот од 1969 година, по кој следувал подновениот од 1998 година. Според нивните податоци, последните изданија на Правописот на македонскиот литературен јазик биле објавени во декември 2015 година и март 2017 година, со што се осовременила неговата последна верзија направена речиси две децении.

Писателката Марија Лозаноска подготви видео со најчестите грешки кои се прават во македонскиот јазик, видео кое вреди да се погледне:

Најпопуларно

To Top