in

Никогаш не е доцна: Брус Вилис ја запознал својата сродна душа на 57 години

Една од Холивудските ѕвезди, Брус Вилис, е голема инспирација за романтичарите секаде низ светот. Тој успеа да ја најде својата сродна душа по неуспешен брак, кога имаше речиси 60 години, па така сега живее негова лична бајка. Па, како успеа ѕвездата на Die Hard да оствари брачно блаженство и да создаде нераскинливо мешано семејство? Сè што беше потребно е една посебна жена.

Вилис создаде големо семејство со својата прва сопруга, но нешто недостасуваше.

https://www.instagram.com/p/B97IRfFnb28/?utm_source=ig_embed

Во 1987 година, Брус Вилис се ожени со Деми Мур. Овие две холивудски ѕвезди се чинеше дека се златна двојка, чија среќа секој ја посакуваше. Тие имаа 3 прекрасни ќерки. Што друго можеа да посакаат? Но, зад нивните насмевки на црвениот тепих се криеше семејство кое едноставно не функционираше. Двојката официјално се разведе во 2000 година.

https://www.instagram.com/p/B-py28VDrvV/?utm_source=ig_embed

Сепак, нивниот брак не претставуваше неуспех. Тие донесоа зрела одлука со тоа што заминаа во различни правци и успеаа да изградат уште посилна врска како пријатели. Брус и Деми останаа блиски за нивните ќерки што често може да се види на нивните социјални мрежи.

Прочитајте и...  „Моќта на човечноста“
“I Don’t Ever Want to Be Away From Her.” Bruce Willis Had to Wait 57 Years for the Greatest Love of His Life

По разводот, Вилис беше кратко верен во 2004 година, но повторно не се чувствувал како што треба. Само што ја запознал Ема Хеминг, тој сфатил што му недостигало. Тој откри дека живот сам му бил тежок: „Последните 10 години од животот ги поминав сам, и во најголем дел, несреќен. Во мрачо место. Никогаш не помислив дека да се биде со некој друг е одговорот. Велев, ‘Јас сум сам, но не осамен’. Но, само се лажев себеси.“

https://www.instagram.com/p/BvCa5K3F7zm/

Брус додаде дека Ема му го променила целиот поглед на љубовта и сè одеднаш си го нашло своето место: „Почнав да се дружам со Ема, и ден за ден мојот живот стануваше сè посреќен.“ До 2009 година, Вилис се ожени со Ема и тие го започнаа своето заедничко патување.

https://www.instagram.com/p/B2O_xD3FTGm/

Не долго по свадбата, Ема и Брус им посакаа добредојде на нивните 2 ќерки Евелин и Мабел. Одеднаш, актерот бил опкружен со 5 прекрасни ќерки кои го комплетирале неговиот живот. Сите девојки се согласуваат и сакаат заедно да позираат на семејните фотографии.

Прочитајте и...  ВОЛШЕБНО: Фестивал на песочни скулптури во Остенде
https://www.instagram.com/p/BwF60CFF0dG

Вилис е навистина среќен што има толку прекрасни жени во неговиот живот и не поминува ниту еден ден без да го цени тоа. Тој еднаш рече: „Им се восхитувам на жените и секогаш се чувствувам побезбедно кога сум околу нив.“

https://www.instagram.com/p/B8jLGunlyum/

Во 2019 година, среќниот пар ја прогласи нивната 10 годишнина велејќи „ДА“ одново и одново! Нивната љубов со текот на годините стана се посилна и сакаа тоа да го прогласат пред целото семејство, па дури и Деми Мур била присутна. Ема вели: „Таа ме прифати во нејзиното семејство, како што јас неа ја прифатив во нашето.“

https://www.instagram.com/p/BvS2I-pl5H6/

Брус Вилис ни докажува дека никогаш не е доцна да се најде „вистинскиот“ бидејќи тој го стори тоа на 57 години. Вилис вели: „Јас никогаш не сакам да бидам далеку од Ема. Ова е најсилната врска што сум ја имал во животот.

https://www.instagram.com/p/CBqQOzplSbt/

Дали и Вие верувате дека е можно да се најде вистинската љубов подоцна во животот?

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote