Животни приказни

Никој не го посетил новороденчето во болница пет месеци, па оваа медицинска сестра го посвоила

Пред три години, Лиз Смит, медицинска сестра во Franciscan Children’s hospital во Брајтон, се упатила кон лифтот на работа кога ја здогледала неа: мало девојче со светло сини очи и една мека кафена локна која го прекривала нејзиното чело.

„Кое е ова прекрасно ангелче?“ Смит ја прашала сестрата која го носела новороденчето. „Нејзиното име е Жизел“, и одговорила сестрата. Доенчето било во болницата цели пет месеци, но Смит никогаш претходно не ја видела.

Лиз дознала дека Жизел, тогаш 8 месечно бебе, била предвремено родена во друга болница во јули 2016 година, тешка нешто помалку од 1 килограм. Таа имала синдром на неонатална апстиненција како резултат на користењето на хероин, кокаин и метадон од страна на нејзината мајка во текот на бременоста.

Државата Масачутес обезбедила старателство кога таа имала 3 месеци и била пренесена во болницата Franciscan Children бидејќи нејзините бели дробови барале посебна нега и ја хранеле со цевка за исхрана. Никој не го посетил бебето цели пет месеци.

Прочитајте и...  Тијана има само една желба - да јаде: Никогаш немала кукла, а куќата во која живее е пред распаѓање

Социјалните работници се обидувале да и најдат дом во кој ќе ја згрижат.

„Жизел“, Смит си го повторувала името цел пат до дома тој ден. „Жизел“. Во тој момент, вели Смит, знаела: “Јас ќе му дадам дом на ова бебе. Јас ќе бидам нејзината мајка.“

Лиз Смит, која се надевала дека ќе забремени преку инвитро-оплодување, дознала дека нејзиното здравствено осигурување нема да ги покрие трошоците за тој третман, а не можела тоа сама да си го дозволи. Нејзината сестра и предложила да посвои дете, но Смит не сакала да размислува за таа опција.

А потоа ја запознала Жизел.

„Од моментот кога ја видов, имаше нешто зад нејзините впечатливи сини очи кои ми го привлекоа вниманието. Почувствував дека јас треба да го сакам и да го чувам безбедно ова бебе.“

Најпопуларно


To Top