Филм & ТВ

Никол Кидман, Марго Роби и Шарлиз Терон во филмот „Bombshell” (ВИДЕО)

Објавен е првиот трејлер за долгонајавуваната вистинска приказна „Bombshell” во кој ќе глумат Никол Кидман, Марго Роби и Шарлиз Терон, како жени кои се во судир со основачот на медиумската куќа „Фокс њуз“.

bombshellfirstlook 1566553051

Филмот на режисерот Џеј Раул го следи падот на основачот и директор на „Фокс њуз“, Роџер Ејлс, кој е обвинет за сексуално злоставување и вознемирување на вработените.

Ѕвездената тројка ќе ги глуми трите новинарки што одлучиле да се спротивстават на својот шеф и на шовинизмот. Кидман е во улога на Гречен Карлсон, Терон ќе ја толкува Мегин Кели, а Марго Роби – Кејл Посписил.

Ејлс поднесе оставка 2016 година, откако на позицијата директор на „Фокс“ беше скоро 20 години.

Премиерата на „Bombshell” ќе се случи на 20 декември.

Прочитајте и...  Хорор на денот: Ресторан во кој го убиваш животното кое сакаш да го јадеш
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top